Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Parking1

28.05.2020

На парцела од илјада метри квадратни, покрај Мало Мовче и под железничката пруга Скопје - Гевгелија, деновиве се интензивира изградбата на времен паркинг простор во централниот дел на градот. Механизација на градежната фирма „Изгрев“ веќе го извади муљот насобран покрај брегот на река Вардар и од денеска натрупуваи го рамни земјениот слој на парцелата. Штом заврши со оваа работна позиција ќе пристапи и на набивање и тампонирање на парцелата за паркирање на возила.

Парцелата е долга 67 метри и широка 15 метри на кои според првична проценка на инвеститорот Општина Велес таму ќе можат да се паркираат околу педесеттина возила.

-Парцелата е од времен карактер и ќе придонесе за растеретување на проблемот со паркирање во централното градско подрачје во Велес. Општината ја финансира изградбата од сопствениот буџет поточно од делот за изградба на паркинзи со предвидени 300.000 денари. Изградбата се реализира според утврдената динамика за работа на изведувачот поточно градежната фирма „Изгрев“, рече Снежана Дервишова советник во Одделнието за изградба и одржување на комунална инфраструктура на Општина Велес.

Parking2

Градежните работи на новиот времен паркинг, на својот ФБ профил, ги објави и градоначалникот Аце Коцевски.

- Започнавме со уредување на просторот помеѓу мост Гемиџии и Мало мовче, од десната страна на Вардар, за времено паркирање на возила. Со тоа, до изградба на катна гаража, ќе го ублажиме проблемот со недостиг на паркинг простор во централно градско подрачје, напиша Коцевски.

Овој времен паркинг простор треба да биде готов за 10 дена.

Со неговото ставање во функција просторот ќе се спаси од смет и особено од луѓе кои во лето доаѓаа од други градови во државата, го запоседнуваа со шатори, стари возила, арабаџиски коли и коњи. Таму живееја и создаваа смет во огромни количини./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново