Еден оздравен и еден новозаразен од Ковид 19 денеска во Велес
27.05.2020
Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти од Ковид 19 на територијата на државата. Најголем број од нив, 11 се од Скопје, 4 од Куманово и по еден од Тетово и од Велес. Но, во градот по неколкудневно затишје е евидентиран и еден новозаболен велешанец.
Освен него во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се уште 24 нови случаи на ковид-19. И тоа во градовите:
– Скопје 14
– Куманово 2
– Штип 4
– Прилеп 1
– Тетово 2
– Струга 1
Во изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.
Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450./У.Ј