Д-р Ненад Коциќ: „На здравствените работници, во справување со коронавирусот, им треба помош и од граѓаните“
21.05.2020
Лекар по професија и Претседател на Советот на Општина Велес д-р Ненад Коциќ во ординацијата се грижи за здравјето на своите пациенти додека како прв човек на Советот има обврска за грижа за јавното здравје на сограѓаните. Со него разговаравме за причините за ескалацијата на заразата, за борбата со невидливиот непријател, за резултатите од превземените мерки на здравствените власти и за превентивата до колку се остварат предвидувањата за втор бран на коронавирусот.
Д-р Коциќ, како претседател на Советот на Општина Велес и во исто време здравствен работник како ја коментирате состојбата со ширењето на заразата со Ковид 19 во Велес, кои се причините и постои ли начин да се сопре бројката од 126 инфицирани граѓани и 52 активни случаи во Велес?
-За жал во Велес се уште се јавуваат случаи на заразени од Корона вирус. Секако улога има близината до Скопје и големиот број наши сограѓани кои работат таму, рестрикцијата на мерките, но најважна причина е дали и колку се придржуваме на мерките дадени од Министерството за здравство за превенција од Корона вирусот како што се држење растојание од 2 метри, носење маски и редовно миење на раце. Доколку сакаме да стагнира или да се намали бројката мораме СИТЕ да се придржуваме до препораките и да бидеме активни чинители во борбата за спречување на Корона вирусот. Да сватиме дека информациите за лажен вирус се шират намерно, од несеризни луѓе и дека со непочитување на мерките го загрозуваат пред се личното здравје, здравјето на најблиските, а на крај и јавното здравје.
Ја држат ли под контрола состојбата здравствените институции во градот, мислам на здравствените работници во ЈЗУ Општа болница Велес, во Центарот за јавно здравје како и матичните лекари во градот?
-Од самиот почеток ЦЕЛИОТ здраствен систем покажа високо ниво на професионалност. Сите медицински работници како лекари, сестри, техничари, лаборанти, возачи како и помошниот медицински персонал, целосно се вклучија во борбата со Корона епидемијата. Сметам дека мерките дадоа резултат и затоа здраствениот систем успеа стабилно да ја преброди кризата. Додека здравените системи во многу поголеми и побогати земји колабираа, не дозволивме тоа да се случи и кај нас. Лично сум задоволен и горд на системот во кој работам и сметам дека „успешно го положи овој испит”, кажано со студентски жаргон.
Но, на Фејсбук и на останатите социјални мрежи се преплавени со статуси или коментарите на незадоволни велешани кои тврдат дека се почитувачи на препораките и мерките на здравствените власти поради однесување на дел од сограѓани кои не носат заштитни маски и нараквици, не држат социјална дистанца, особено младите кои ги запоседнаа парковите, пред Гимназија, Младински и Градски парк како и Езеро Младост и Бабуна. Дел од сограѓаните коментираат дека полицијата ваквата состојба не ја превенира и санкционира. Има ли Советот на Општина Велес решение за ова?
-На човек на сила можеш да му земеш, но не можеш ништо на сила да му дадеш. Од почетокот НЕКОИ несериозни центри шират лажни информации и паника, што создава конфузија кај граѓаните. Се сеќавате на барањата од квази-експерти да се дислоцира одделението за прием на заболени во Јасеново, што е нон-сенс бидејќи тоа е Болница за белодробни заболувања или барањето на една опозициона партија да не се користи Инфективното одделение во Велес? Каде ќе одеа нашите сограѓани? Има ли логика? Сето ова создава конфузија кај луѓето и допринесува некои граѓани несеризно да ја подразберат оваа епидемја како и да не ги спроведуваат мерките. Има механизам, но би сакале да сватат дека мерките се за нивно добро и да го прифатат новото секојдневие. Ова ќе потрае, короната нема бргу да се повлече и додека не се произведе вакцина, ќе мора да се прифатат и спроведуваат препорачаните мерки.
Предвидувањата на СЗО, на врви домашни и странски експерти – епидемиолози, истражувачи се дека не очекува нов бран на епидемијата. Се подготвува ли градот, општината и што Советот ќе превземе да го заштити јавното здравје на велешани?
-Па се очекува намалување на бројот на заразени летово, но тоа не значи дека вирусот ќе исчезне. Препораки на центарлниот Кризен штаб целосно се почитуваат и во иднина ќе се имплементраат, а Советот одвојува средства за покривање на трошоците, обезбедување помош на ранливите категори граѓани и секако мерки за ублажување на економските последици врз стопанските објекти, со намалување на сите давачки, покрај поддршката што ја добиваат од државата.
Убавка Јаневска