Полицијата лиши од слобода скопјанец со пиштол без дозвола и кривично гони кавадарчанец за дрога
21.05.2020
На наплатна станица „Отовица“, пред четири дена, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Б.(26), Р.Ј.(24) и Б.В.(23), сите од Скопје, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Б., а се превезувале и Р.Ј. и Б.В., бил пронајден и одземен пиштол „Берета“, што А.Б. го поседувал без дозвола.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски..
Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе Кривична пријава против П.М.(38) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот закон.
При претрес во неговата викенд куќа на Тиквешко Езеро, атар на с.Брушани, полициски службеници пронашле марухуана и кокаин, соопштија од СВР Велес.