(ФОТО) Акцијашите ветерани ги полеаја со вода јапонските цреши и туи на „Езеро Младост“
17.05.2020
Сува е почвата над патот на брегот на „Езеро Младост“. На зафатените садници со јапонски цреши, туи и друг вид на засаден зелен материјал е потребна количина на вода. Сушниот период остава трага и над садниците со багрем. Доброволци од работната бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаш ветерани“ претпладнево комплетно ги полеаа со вода садниците на првата парцела со расцветени јапонски цреши а потоа и парцелата, во втората линија, погоре на езерскиот брег каде раснат туите како и багремите.
-Потребна е поголема количина на вода и полевање на скоро секоја садница независно дали е јапонска цреша или багрем. Во почвата нема влага. Долгиот временски период на суша во велешко покажува дека зафатените садници мора да бидат наводнети. Тие се зафатени и се во раст, дел од нив ни ги подарија и првите цветови. Денеска доброволно ги полеавме овие парцели. Првата количина од триста литри вода ја донесовме од дома за потоа да ги полниме од хидрофорот и на раце и со помош на автомобилите да ги носиме до останатите парцели. Вака се губи многу време. На Управниот одбор на граѓанското здружение во понеделник на 18 мај ќе му поднесеме извештај за потоа да биде донесена одслука како понатаму ќе се реализира наводнувањето се додека не се инсталира системот „капка по капка“ на засадените површни, рече командантот на доброволната бригада Делчо Костов.
Акцијашите денеска доброволно наводнуваа четири часа а пред поаѓање ги контролираа и останатите парцели на езерскиот брег. На голем број места открија нови количини на расфрлан смет, еден скршен летниковец и полни корпи со отпадоци. /У.Ј