Еден починат, пет новоинфицирани и четворица оздравени од „Ковид 19“ во Велес
17.05.2020
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти. Четворица од нив се велешани. Но во градот има пет новозаразени од инфективното заболување.
Оздравените граѓани се од:
– Скопје 1
– Куманово 14
– Прилеп 4
– Тетово 3
– Велес 4
Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.