Со шест нови, во Велес, од „Ковид 19“ заболеле вкупно 101 сограѓанини
8.05.2020
Повторно ден во кој Велес има најголем број на новозаболени од инфективното заболување. Според статистиката на Министерството за здравство денеска кај шестмина велешани е дијагностицирано присуство на коронавирусот и сите се во роднинска врска со веќе инфицирани велешани. Бројот на оздравени денеска изнесува седум граѓани. Сите добиле втор негативен тест од земени брисеви.
Во моментов бројот на активни случаи во Велес изнесува 46 додека неделава како новозаболени се водат 24 граѓани или вкупно 101 граѓани досега заболеа од „Ковид 19“.
На лекување во Инфективното одделение во велешка болница се наоѓаат 24 пациенти со потврден резултат на тест од коронавирус додека за четворица се чекаат резултати од земени брисеви.
Инаку денеска според министерството покрај шестемина велешани како новозаболени се дијагностицирани уште пет од Скопје, два од Прилеп и еден од Тетово. Додека оздравени се девет граѓани во Куманово, седум во Велес, два во Прилеп и по еден во Скопје и Битола. /У.Ј