Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Velesnoke1 fin

22.04.2020

Во изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале четири лица, и тоа, сите во Велес. Тие се приведени и лишени од слобода.

- Во овој период на oсум лица им се издадени Решенија за изолација, сите осум се во Велес, три лица потпишале Изјави за самоизолација, едно во Велес и две во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 65 лица, од кои 46 во Велес, 12 во Кавадарци и седум во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 101, од кои 59 во Велес, 29 во Кавадарци и 13 во Неготино, соопштија од СВР Велес.

Полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и во самоизолација и констатирале дека сите ги почитувале мерките поточно биле пронајдени во нивните домови./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново