Тепачка во велешкото село Оморани и физички нападната жена од непознато лице во Кавадарци
22.04.2020
Полицискиот билтен на Секторот за внатрешни работи Велес во изминатите неколку дена бележи една тепачка што се случила во петокот на 17 април во селото Оморани и еден физички напад над жена од Кавадарци, пријавен вчера, вторник, 21 април.
Тепачката за време на велигденските празници следела по претходна расправија помеѓу триесет и три годишниот З.С и седум години постариот Г.А. Во петокот на 17 април околу 20 часот бил физички нападнат од Г.А.
-Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Полицијата го расветлува и физичкиот напат над четириесет и четири годишната А.Ј од Кавадарци која во полициска станица, вчера, околу 17 часот пријавила дека на ул.„Браќа Хаџи – Тефови“ била физички нападната од непознато лице. Нападот се случил десет часа претходно, поточно утрината во 7 часот и 30 минути./У.Ј