Три нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес
Објавено на 22 април, 2020 во 12:33
22.04.2020
Едно лице вработено во инфективното одделение при општата болница во Велес и две лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката “Жан Митрев” после појавата на симптоми на Ковид-19 се новозаболени од инфективното заболување во изминатото деноноќие во Велес.
Информациите ги соопшти Центарот за јавно здравје во Велес.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 62 лица од кои 4 излечени, 3 смртни случаи и 55 активни./У.Ј