Негативни се резултатите на 32 велешани кои биле во контакт со инфицираните тројца од „Ковид 19“ во Велес
27.03.2020
Негативни се 32 резултати на исто толку граѓани, од кои се земени брисеви на 25 и 26 март, за да се утврди дали се инфицирани со „Ковид 19“. Станува збор за резултати од тестираните 60 велешани кои биле во контакт со тројцата инфицирани сограѓани кои се лекуваат од вирусот. Информацијата ја даде директорот на Центар за јавно здравје, Тони Димитриевски.
-Во нашата институција денеска беа донесени резултатите на 32 велешани од кои земавме брисеви на 25 и 26 март, значи вчера и завчера. Сите 32 резултати се негативни. Резултатите на останатите тестирани граѓани ги очекуваме најскоро што може. Сите резултати се изработени во лабораторијата за вирусологија на Институтот во Скопје, додаде Димитриевски.
Исто така, министерот Филипче најави дека најверојатно утре ќе бидат готови сите резултати на тестираните 60 граѓани кои биле во контакт со тројцата позитивни велешани на „Ковид 19“.
Министерот додаде дека со лекари епидемиолози од Скопје веќе од денеска е појачан тимот на Центарот за јавно здравје во Велес и во исто време даде насоки за граѓаните кои се во самоизолација или пак им е потребна помош поради сомнителни симптоми освен со епидемиолозите во Велес да ги користат и услугите на кол центарот 02 15123./У.Ј