Дезинфекција против Ковид 19 и на споредните улици како и на влезовите и излезите од Велес
Објавено на 27 март, 2020 во 10:15
Се спроведуваат мерките на Општинскиот Кризен штаб во Велес. Од утрово се дезинфицираат и споредните улици и маала. Пожарникарите со возила и опрема за дезинфицирање ги минат споредните улици и маала и вршат дезинфекција.
Исто така од утрово пожарникарски возила со опрема за дезинфекција се поставени на сите влезови и воедно излези на Велес. Со дезинфекционо средство се минат сите превозни средства кои влегуваат во градот.
Дезинфекцијата на влезовите и излези од Велес почнува од денеска и ќе трае во наредните денови. Во дезинфекцијата се вклучени и работници на ЈКП „Дервен“, велат од општината. Ова е само една од повеќето мерки што се превземаат и се донесени на последната седница на Општинскиот кризен штаб. /У.Ј