Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OKS fin

По идентификувањето на трите први позитивни случаи на Ковид 19 во градот членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес, на седницата одржана вчера, 25 март, доцна попладне, ги донесоа следниве заклучоци:

– Сите задачи и активности од претходните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес се реализирани во целост, освен активноста да се врши дезинфекција на возилата при влезот во градот поради недоволен број на човечки и технички ресурси (да се изнајде начин и решение за реализација на оваа активност).

– Денес се изврши обезбедување на просторија во Велес за мобилната екипа на Центарот за јавно здравје за земање на брис на лицата кои стапиле во контакт со лицата коишто веќе се потврдени носители на вирусот.

– Констатирана и потврдена е бројката од три лица заболени од корона вирусот на територија на Општина Велес.

– Да се извести јавноста за новонастанатата ситуација со цел добивање реална слика и вистинска информација за граѓаните, при што останува апелот задолжитено да се почитуваат препораките од Министерството за здравство за новонастанатата состојба во град Велес.

– Јавноста да биде известена преку официјалната интернет страница на Општина Велес, официјалниот facebook профил на општината, како и преку локалните медиуми, при што ќе биде нагласено дека контактирани се сите лица кои биле во контакт со заболените и од истите се земени медицински маркери кои се навремено испратени на испитување до Министерството за здравство.

– Сите граѓани кои се напуштени од своите работни места, а припаѓаат во групата на социјално загрозени семејства може да достават барање за доделување на еднократна парична помош во архивата на Општина Велес.

– Општина Велес ќе отвори специјална наменска сметка за сите заинтересирани физички и правни лица, општествено одогворни компании и други, каде можат да донираат финансиски средства, а истите ќе бидат наменети за обезбедување на храна и други неопходни продукти на семејства или поединци коишто ја изгубиле својата работа поради новонастанатата (вонредна) состојба. Воедно, заинтересираните физички или правни лица можат исто така да донираат и неготвена храна (конзервирана, пакована, со подолг рок на траење) наменета за горенаведената категорија на граѓани. Пункт за собирање на оваа намена се одредува ОУД „Лазар Лазаревски”, Велес. Донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со волонтерите на ОО Црвен крст, Велес и мобилните општински тимови.

– Во зависност од добивањето на резултатите за новонастанатата состојба преку Министерството за здравство, Општина Велес ќе побара од Владата на РСМ мерка со која ќе се затворат сите влезови во град Велес.

– Касарната „Алексо Демниевски Бауман” понудува простор којшто е уреден и може да се искористи како простор за самоизолација, а Општина Велес да пристапи кон санација на санитарниот чвор.

– Општина Велес ја разгледува можноста за обезбедување финансиски средства за набавка на заштитна опрема на здравствените работници во ЈЗУ Општа болница Велес, Центарот за јавно здравје и ЈЗУ Здравен дом;

– Се препорачува на претставниците на Советите на заедниците (колективни станбени згради) да изнајдат начин да извршат дезинфекција на заедничките простории во своите објекти.

– Да се ослободат вработените во училиштата кои ротираат од работните места. Директорите на училиштата се задолжуваат на училишните интернет страниции на видно место во училишната зграда да објават податоци за отворен контакт телефон и лице и соодветна електронска пошта каде родителите ќе можат да добијат потребни информации за издавање на потврди или спроведување на учење од далечина (он-лајн настава).

На Седницата присустуваа членовите на Општинскиот штаб, претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, Центар за јавно здравје, Општинската организација на Црвен Крст, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица, Центарот за социјални работи, претседателот на Советот на Општина Велес, претставници на трудовата инспекција и вработените од општинската адмнинистрација, кои ги разгледаа преземените мерки од претходно одржаните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, како и насоките за воведување нови мерки и активности во врска со спречувањето и ширењето на COVID-19 (Корона вирус) во Општина Велес./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново