Ноќеска 4 во Велес, 2 во Кавадарци и 2 граѓани во Неготино не го почитувале полицискиот час, во самоизолација вкупно 614 лица
Објавено на 25 март, 2020 во 16:43
Ноќта помеѓу 24 и 25 март 2020 година, за време на полицискиот час, поради непочитување на истиот СВР Велес од слобода се лишил четири граѓани додека по две биле лишени, во Кавадарци две и во Неготино.
Против граѓаните кои не ги почитувале мерките за забрана за движење по 21 часот ќе биде поднесена соодветна пријава.
– Во моментот на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи во Велес, во самоизолација се наоѓаат вкупно 614 лица. Од нив 150 во Велес, 305 во Кавадарци и 159 во Неготино, пишува во соопштението на СВР Велес.