Тројца позитивни граѓани на коронавирус во Велес
Информацијата за позитивните велешани на вирусот на денешната прес конференција ја соопшти Министерот за здравство, Венко Филипче. Тројцата сограѓани се дел од вкупната бројка од 29 нови случаи од вчера до денеска или таа изнесува 177 лица на територијата на државата.
-Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица, напиша на Фејсбук министерот Филипче.
Според информациите на министерството има еден излечен од коронавирус како и два смртни случаи.
Како што дознава Дума.мк само што заврши седницата на Општинскиот Кризен штаб на Општина Велес која помеѓу останатите ја разгледала состојбата по соопштената информација за првите три случаи на заболени велешани. Од седницата ќе биде издадено соопштение за јавност./У.Ј