Додека се затворени влезните врати на ОСУ „Јовче Тесличков“ учениците од дома вклучени во настава
Со користење на online интерактивна настава продолжи образовниот процес на учениците во ОСУ „Јовче Тесличков“ во време на прогласена епидемијата на коронавирусот. Наставата се одвива на два начини, преку платформата „Google Училница“ и преку веќе оформените фејсбук групи. Координатор на вториот начин на изведување на настава преку Фејсбук е професорката Жаклина Зафирчева додека за „Google Училница“ професорката Радмила Андовска.
Еден дел од професрите, што од претходно имаа формирано фејсук групи со ученици за потребите на наставата сега продолжија да ги користат на тој начин што им поставуваа презентации од наставните еденици со прашања и задачи.
Учениците откако ги изработуваа зададените задачи им испраќаа повратен одговор на предметните професори на месинџер додека за изработеното добиваа повратен одговор,сугестии и оценки.
-По овој прв циклус на спроведување на наставата во пракса е воведена платформата „Google Училница“односно Classroom,прифатена од поголемиот број на професори во училиштето. Тие на учениците им испратија упатство за приклучување како клас во „Google classroom“ со тоа што учениците си отворија личен мејл на gmail, за да добијат пристап до classroom.google.com код што го делеше класниот раководител и на тој начин станаа дел од класот.Потоа учениците беа вклучувани на секое предавање со тоа што на нивните мејлови добиваа покана и линк за приклучување, рече директорката Оливера Коцевска.
На учениците платформата „Google Училница“ им овозможува учење од дома во услови на вонредна состојба. Секој ученик има пристап до објавената наставна единица во вид на презентации, текстови, задачи, квизови, линкови и друго што овозможува запознавање со новиот материјал и воедно им овозможува и понатамошната соработка со наставниците.
За овој вид на настава училиштето ги извести сите родители и ученици преку Фејсбук и фан страницата на училиштето. Наставата, на ваков начин, ќе се одвива се додека не се добијат насоки од Министерството за образование и наука за враќање на учениците во училишните клупи./У.Ј