„ Сакам да апелирам на зголемена хигиена во влезовите на зградите, подрумските и гаражните делови“ апелира градоначалникот Коцевски
Од Управителите на згради, заедници на сопственици, куќни совети и станари поради новонастанатата состојба со вирусот COVID – 19, коронавирус, градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска зголемена хигиена во влезовите на зградите, подрумските и гаражните делови, како и сите други делови од зграда кои припаѓаат во етажна (заедничка) сопственост на станарите.
Напоменувајќи дека зголеменото одржување на хигиената е еден од клучните услови за да се спречи ширење на коронавирусот, Кoцевски, апелираше на потребата од редовно и секојдневно чистење на деловите од зграда, со наменски средства за хигиена и дезинфекција.
-Исто така, сакам да ги истакнам и дополнителните мерки кои ги презема Општина Велес како што се започнато редовното миење на улиците во општината согласно Програмата за јавна чистота за 2020 година; следува дезинфекција на контејнерите и расчистување на простори со отпад од непознат сторител (диви депонии); следува дезинфекција на училиштата и градинките, пред почетокот на наставата; преку електронски пат може да се извади потврда за редовен ученик или одење во градинка. Во овој период, треба да се зголеми информираноста на сите граѓани за превентивните мерки кои ги носат надлежните институции. За прецизни и навремени информации, користете ги официјалните интернет страници www.zdravstvo.gov.mk и www.veles.gov.mk , додаде Коцевски .
Градоначалникот апелираше сите да се придржуваат до мерките, да бидат одговорни, затоа што се работи за јавното здравје кое е заедничка одговорност./У.Ј