Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Spisokstr1 fin

Голем е бројот на ученици или студенти кои се образуваат во средни училишта или на високообразовните институции во Република Словенија па и во соседните земји. По прогласената пандемија на коронавирус и затворањето на образовните институции тие веќе го најавиле своето доаѓање дома. Како нивното враќање ќе се одрази на севкупната состојба во Северна Република Македонија со инфективното заболување е често поставувано прашање од викендов и денеска од страна на поголем број на граѓани во Велес, Кавадарци и останатите градови во државата.

Spisokstr2 fin

Словенија е во списокот на држави со среден ризик, на списокот е обележана со жолта боја и за учениците и студенти, задолжителен е карантин од 14 дена. СЗО предвиде мерки што веќе ги практикуваат државите меѓу кои е и нашата. Задолжителна изолација од 14 дена, користење на посебен прибор за храна, за бања, со задолжително користење на средства за дезинфекција и редовно проветрување, најмалку два пати на ден, на просториите во домот во кој претстојува лице во изолација се дел од препораките и на домашните здравствени институции.

-Но, покрај задолжителната изолација од 14 дена во домот, што е обврска на секој граѓанин во државата што се нашол надвор од неа во моментот на прогласување на пандемијата, секако дека со него ќе остварат контакти членови на семејства, најчесто родителите. А дел од родителите се сепак вработени во институциите или компаниите и ќе мораат да доаѓаат на работните места. Работниот процес налага потреба од контакти со останати колеги. Како да се надмине стравот од пренесување на заразното заболување?, прашаа денеска дел од сограѓаните.

Spisokstr3 finЗасега во мерките за заштита на министерството за здравство не е регулирано ова прашање. Лекарите епидемиолози кои ги консултираше Дума.мк со став дека се препорачува само она што официјално стигнало до нив и е поврзано само со лицата повратници од земјите со висок или среден ризик. Засега на светско ниво но и на пониско, се мисли во рамките на државите, посебни мерки за заштита за категоријата вработени нема.

Отворајки ја оваа тема Дума.мк го објавува Списокот на земји според ризик од коронавирус објавена на страната на министерството за здравство. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново