Кардиолог волонтер на Црвен Крст ќе дава здравствени услуги во домовите на велешани, ќе се мери и шекер во крвта
За да се избегне зголемено присуство на граѓаните во здравствените амбулати и да не се намали бројот на пациенти за да се избегне евентуално ширење на на Корона вирусот, Општинската органзација на Црвен крст Велес, од денеска започнува со бесплатни кардилошки прегледи за граѓаните, мерење на шеќер во крвта и психолошка поддршка.
-Активноста се реализа партнерски со Општина Велес која обезбедува поголем дел од логистичката поддршка, како и со ЈЗУ „Здравствен дом“ од Велес. Им се обраќаме на граѓаните затоа што одлучивме прегледите да ги изведуваме во нивните домови, откако претходно тие ќе се пријавите на телефонските броеви: 078 254 729, 075 272 485 и 075 247 637, рече секретарот на Црвен Крст Велес, Орце Николовски.
Тој додаде дека кардиоваскуларните прегледи и мерење на шекер во крвта ќе ги извршува лекар, специјалист кардиолог, кој е волонтер во Црвен крст . Лекарот ќе извршува прегледи од типот: ЕКГ и мерење на шеќер во крвта, на оние граѓани кои имаат потреба од редовна седмична или месечна контрола за да го избегнат одењето кај матичниот лекар.
Јавното здравје е заедничка одговорност, потенцираа од Општинската организација на Црвен Крст Велес./С.А