Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

KoleviCadiev fin

Ги прогласи за виновни и со шест месечни условни затворски казни ги осуди Основен суд Велес, обвинетите екс градоначалник на Велес Славчо Чадиев и поранешниот претседател на Советот на Општината Александар Колев, за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Ако тие не го повторат делото кое им се става на товар, во наредните две години, Чадиев и Колев треба на општината да и надоместат штета од по 85 илјади 299 денари и да ги подмират трошоците на судот и на Јавното обвинителство, поврзани со водењето на судската постапка. Доколку не ги платат надоместоците и отштетата условна затворската казна ќе стане активна.

Во образложението на судската пресуда судијата Шевчет Адеми соопшти дека обвинетиот Славчо Чадиев како поранешен градоначалник на Општина Велес не се придржувал на Правилникот за користење на службени возила, што општината го донела во 2008 а потоа и во 2016 година кога тој бил градоначалник и му овозможил користење на службени возила и гориво на претседателот на тогашниот Совет на општината Александар Колев.

Инаку ,според подигнатиот обвинителен акт во периодот од 23 февруари 2014 година до 9 август 2016 година, екс градоначалникот Славчо Чадиев усно дозволил на тогашниот претседавач на Советот Александар Колев во повеќе наврати, да користи две службени моторни возила за лични приватни потреби, без реверс за нивно користење и без притоа да достави пополнет евидентен лист за патувањето. Колев во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила во количина од 2.880 литри или во вредност од 170.598,00 денари, за што била извршена исплата од сметката на оштетената општина Велес.

Осудените Чадиев и Колев имаат право на жалба пред повисок суд.

Основен суд Велес пресудата денеска ја донесе во отсуство на обвинетите и нивниот правен застапник. На соопштувањето на пресудата присутен беше Јавен обвинител и медиуми./У.Ј

Фото: 24 Вести

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново