Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

VaskaJakovlevskaSamargjieva fin

Туристичката агенција „Атлантис“ условувала две велешанки да отпатуваат, денеска на 13 март, за Барселона во Шпанија и покрај прогласената пандемија на коронавирус. Васка Јаковлевска Самарџиева и нејзината пријателка Виолета Карамаркова деновиве не успеале да се докажат со агенцијата дека не тие туку „Атлантис“ треба да го откаже туристичкиот аражман поради опасноста по нивното здравје. И не само поради пандемијата туку и поради неисполнување на договорот кој, според Јаковлевска Самарџиева, наместо група од 25, била составена од 6 патници, за на крај да останат само двете велешанки.

Денеска вработени во туристичката агенција ни се заканија со чекирање на двата авионски билети на аеродромот во Скопје, рече Јаковлевска Самарџиева.

-Штом беше прогласена пандемија на коронавирусот, на 12 март, вчера, ние веднаш пуштивме писмен допис во кој побаравме од ТА „Атлантис“ да го откаже патувањето за Барселона поради ризикот по нашето здравје. Но тие ни вратија одговор и документи со кои бараа ние да се откажеме што според потпишаниот договор со нив значи дека ако во рок од 7 до 1 ден пред поаѓање тогаш ќе ни земат 90 отсто од нашите уплатени средства, додаде Јаковлевска Самарџиева.

Smetki fin

Таа и нејзината пријателка лани на 4 ноември упатиле над 30 отсто од висината на аранжманот и доплатата до вкупниот износ од 69.000,00 денари што ја извршиле на 29 јануари, годинава. Тоа значи дека ние ќе добиевме само 6.900,00 денари, тврди Јаковлевска Самарџиева.

-Од „Атлантис“ на мејл добивме изјава што беше побарано да ја потпишеме. Во неа пишува: „Почитувани клиенти ако Атлантис има поднесено барање за откажување на вашето патување за пакет туристичкиот аранжман од 13 до 16 март 2020 година, поради коронавирус, откако се извршени уплатите за резервации ќе биде побарана отшета од државата.“ Ние не се сложивме туку останавме на ставот тие да го откажат аражманот со тоа што бевме фер и наместо да бараме да ни ги вратат парите побаравме да не префрлат за некое наредно патување за Барселона кога состојбата со пандемијата ќе биде ставена под контрола. Но тие упорно останаа на тоа ние да откажеме со цел да се примени точката 6 од договорот која дефинира дека од 1 до 7 дена пред поаѓање рефундираат 10 отсто од уплатата на аражманот. На тоа добивме одговор од вработените, кои и денеска не бараа на телефон, ако не се појавиме на аеродром во Скопје два часа пред летот тогаш тие наместо нас ќе ги чекирале авиобилетите, додаде Јаковлевска Самарџиева.

Dopisi fin

Таа додаде дека денеска упорно биле убедувани да отпатуваат за Барселона, на индивидуално патување, без водич но со препораки за остварување на контакти со локален преставник на агенцијата во градот што требаше двете велешанки да го посетат. Васка Јаковлевска Самарџиева и нејзината пријателка останаа на ставот дека нема да отпатуваат за Шпанија.

Откако Дума.мк контактираше со вработена во агенцијата и доби инструкции да напише мејл на менаџерот на адресата manager@atlantis.com денеска од него побаравме став поточно одговор на новинарските прашања: зошто наместо туристичката агенција е побарано од патничките Васка Јаковлевска Самарџиева и Васка Карамаркова да го откажат аражманот, што тоа значи согласно точка 6 од договорот на аражманот, како агенцијата ќе ги чекира авиобилетите во име на двете патнички и колкав бил вкупниот број на патници за овој аражман? До моментот на објавувањето на приказната одговор на поставените прашања од менаџерот не стигна./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново