Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

drLiliColakovaDervisova fin

Ист третман како на вработените во јавното така и во приватното здравство во справување на мерките и заштитата од коронавирусот бара Здружението на приватни лекари. Тие од Министерството и Фондот за здравство бараат да бидат вклучени во носењето на одлуките. Конкретно во состојбата со вирусот бараат и во нивните амбуланти да бидат донирани средства за дезинфекција и маски поради тоа што се дел од здравствениот систем и се изложени на опасност како и нивните колеги во јавното здравство.

-Од Центрите за јавно здравство бараме да ни достават флаери со препораки за нашите пациенти за да ги читаат и да се информираат бидејќи не сите возрасни имаат пристап до интернет. Голем е бројот на граѓани  не го знаат телефонскиот број на кој треба да се јават ако почувствуваат симптоми на коронавирус. Од Фондот бараме да донесе сет на превентивни вонредни мерки за вакви ситуации со што би бил пофлексибилен со докторите кои се во карантин бидејќи имаме колега од Центар Жупа што е во карантин а неговите 2 илјади пациенти нема кој да ги опслужува, рече д-р Лилија Чолакова Дервишова претседателката на здружението.

Pacientivocekalna fin

Исто така матичните лекари не можат да ги повикуваат пациентите за да спроведат превентивни мерки и затоа е потребно да бидат сослушани нивните барања и содржани во Правилникот.

-Сме на располагање на здравствениот систем. Секогаш сме биле во првите борбени редови кога имало инфлуенца, кога имало вируси и свински и пилешки и САРС и варичели и морбили па затоа бараме  здравствените институции да се погрижат за нас со тоа што ќе донесат опрема затоа што кај матичните доктори во Словенија опременоста е една а кај нас друга. Досега секогаш нас не испуштаат во однос на опрема на вакви вонредни ситуации. Во Италија веќе има 60 чекари во карантин и не би сакале да дојде до таква ситуација па затоа бараме Министерот и институциите да покажат малку разбирање како во однос на правилниците така и да не заштитат со донација на дезинфекциски средства во нашите чекални, додаде д-р Чолакова Дервишова.

Pacientvoambulanta fin

Одговарајќи на новинарски прашања со опасноста од заболување со коронавирус претседателката на Здружението на матични лекари на Македонија рече дека место за паника нема туку потребно е да се почитуваат правилата како што е дистанца од најмалку еден метар помеѓу граѓаните во меѓусебна комуникација, изолација на граѓаните кои се враќаат од Италија, ако се затвораат училишта тогаш треба за сите да важи правилото да се избегнуваат масовни собири, седенки итн. Д-р Чолакова Дервишова, исто така, советуваше доколку нема потреба да не се доаѓа во чекалните на амбулантите и додаде дека нема потреба на хроничните пациенти со дијабет, миокардиотет или со мозочни удари да им издаваат потврди.

-Апелираме министерот да ја смени препораката и да биде работодавачите да се јавуваат кај матичните лекари за да потврдат со што би се избегнале секаков вид на контакти кај најподложните граѓани на вируси и настинки во овој период. Сите препораки да одат електронски, рече д-р Чолакова Дервишова.

Таа додаде дека лекарите не се плашат од коронавирусот затоа што и досега прегледувале пациенти со туберколоза,тешки бронхопнеумонии или тешки изливи без утврден наод./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново