Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

KoleNedelkovskiucenikiprofesor

Во наредната учебна година 2020/21 нови дваесет и еден ученик ќе имаат можност да се запишат и да се образуваат за техничар за производно машинство во прва година во СОУ„Коле Неделковски“ ,во паралелка за дуално образование. Учениците ќе посетуваат настава во училиште и во истовреме ќе изведуваат пракса во две велешки компании „Брако“ и „Маркард“. Во првата 15 од нив додека во втората шест. Овој нов концепт на образование на учениците им обезбедува школување кое гарантира вработување. Посетата на праксата овозможува машинските техничари по завршување на средно образование да поседуваат квалификации за работа со кои полесно ќе се вклучат во производниот процес во двете компании.

CvetankaPanovafin

- Стручното образование, со сите реформи кои што се случуваат во овој период, им гарантира вработување доколку тие одлучат да се вработат по завршување на средно училиште но при тоа не ги спречува учениците да продолжат да се образуваат на високообразовните институции или да отворат сопствен бизнис. Компаниите кои се вклучени во програмата дуално образование им овозможуваат пракса во нивните погони со специјално обучени ментори во обезбедени простории за практична настава. Исто така компаниите им обозможуваат превоз, топол оброк и парична надокнада за посета на практичната обука, рече директорката на училиштето Цветанка Ѓакова Панова.

KoleNedelkovskiucenik

Велешки „Брако“ од минатата година е дел од Програмата за дуално образование кога побара за потребите од работна сила на компанијата да се образуваат вкупно 20 ученици. Од запишаните за профилот машински техничар деветмина од година ќе ја обавуваат практичната настава во компанијата. Тие четири дена во неделата ќе учат во училиштето и еден ден ќе одат на пракса во „Брако“, рече Менаџерот за човечки ресурси ,Владимир Анчев.

-Се надеваме дека годинава ќе имаме поголем интерес кај идните средношколци откако првата година поминува и веќе имаме позитивни приказни за дуалното образование. За денот одреден за пракса учениците ќе добиваат паричен надомест. „Брако“ не очекува од учениците за време на праксата да работат туку да научат како треба да работат. Сите запишани ученици во оваа паралелка по завршување на средното училиште ќе добијат понуда за вработување во „Брако“ со што ако ја прифатат со наполнети 17 или 18 години ќе можат да заработуваат плата, додаде Анчев.

KoleNedelkovskiCeckasoBrakoiMarkard

Доколку учениците одлучат во текот на летото 15 дена да одат на пракса ќе добијат дополнителен паричен надомест исто колку и работниците. Ако покажат одлични образовни резултати тие ќе имаа предност да бидат стипендирани за машински и електро инжинери.

Концептот на дуално образование е всушност долгорочен план и копија на образованието од предходниот општествен систем кој обезбедуваше работна сила со тоа што се образуваа ученици според потребите на претпријатијата во градовите.

KoleNedelkovski alatnica1

Во овој нов, прилагоден на денешните услови на живот, се вклучи и германската компанија „Маркард“. Во неа веќе четврта година пракса обавуваат учениците од машинската струка.

-На наше големо задоволство оваа година ги имаме првите четворица ученици кои ќе завршат четврта година и ќе добијат понуда за вработување на работните места техничари за одржување и за алатница или алатничари. Од учениците кои веќе се образуваат исто така понуда за работа ќе добијат и за позиција во одделот за квалитет, рече Тања Пенкова, менаџер за човечки ресурси во „Маркард Македонија“.

KoleNedelkovskikabinet

Програмата за дуално стручно образование е работена по германски стандарди и се спроведува во партнерство со германската Стопанска комора. СОУ„Коле Неделковски“ е едно од првите пет училишта во Македонија партнер за што доби верификација и ознака преку плочка./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново