Тепачка во Велес и во акциска контрола на сообраќајна полиција, викендов, откриени 13 пијани возачи
Физичката пресметка помеѓу двајца велешани се случила на 7 март годинава, околу 17 часот, на улица .„Димката Ангелов – Габерот“ во Велес. Во неа учествувале велешаните Е.В.(28) и Ф.В.(36).
Настанот во полициската станица на СВР Велес бил пријавен во 17.30 часот како нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двете лица.
-По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот Верољуб Додевски.
Исто така, ноќта помеѓу 7 март и 8 март поточно во периодот од 22 часот до 4 часот сообраќајната полиција на подрачјето на СВР Велес спровела акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Во контролата се евидентирани 13 прекршоци, од кои шест во Велес, четири во Кавадарци и три во Неготино. На возачите им се изречени соодветни казни./У.Ј