Сосед му се заканувал со секира на сосед и 14 возачи сториле сообраќајни прекршоци
Објавено на 5 март, 2020 во 15:09
Педесет и едногодишниот В.Ѓ.(51) од Кавадарци вчера вечер околу 20.30 часот во Одделението за внатрешни работи пријавил дека околу 18.30 часот неговиот сосед И.О. со секира удирал по ѕидот од неговата куќа и му се заканувал по животот.
Полицијата го привела И.О. и работи на расчистување на случајот.
Во акциска контрола што вчера, 04 март 2019 година, ја спровела сообраќајната полиција на Секторот за внатрешни работи 14 возачи сториле сообраќајни прекршоци. Од нив тројца во Велес, деветмина во Кавадарци и двајца во Неготино.
Сообраќајната контрола била спроведена во периодот од 09.00 до 13.00 часот.
Во полициското соопштение пишува дека против лицата кои сториле прекршок им биле изречени соодветни казни./У.Ј