Велешките извидници учесници на „Осми сениорски средби на извидниците од Западен Балкан“
Делегацијата на СИМ составена од 20 извидници од извидниките одреди “Димитар Влахов“ од Велес,“ Јадран “ од Скопје и “Крсте Јон“ од Струга изминатиот викенд, од 21 до 23 февруари 2020 година, учествуваше на осмите брѓански сениорски средби на извидниците од Западен Балкан. Во Бања Врујци, Република Србија . Во составот на македонската делагација беа и извидниците на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес : Ангелче и Жаклина Гушеви, Влатко Влахчев и Ване Сарагиновски.
-На тридневната средба за учесниците се орагнизираа повеќе темаски панели на кои се разговарше за: создавање на заеднички тим за обука, извидничка лига и систем на заеднички проектни активности и размена на информации помеѓу националните сојузи, како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заедничк проекти, рече старешината Анѓалче Гушев на ИО „Димитар Влахов“.
На средбите учество земаа делегации од извидничките сојузи на Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора и Босна Херцеговина./У.Ј