Поддршка за развој на иновативни бизнис идеи во Велес
Започна серијата на работилници од заедничката предакцелераторска програма на „X фактор акцелератор“ и Фондација „Преда плус“ од Битола на која учествуваат 20 учесници кои ќе поминат низ интензивна шестнеделна предакцелераторска програма во која се дискутира за многу аспекти со што им се помага во доразвивање на нивната бизнис идеа. Учесниците ги аплицираа своите иновативни бизнис идеи на крајот на минатата година и беа селектирани на отворен повик во изминатиот период.
– Конкретно на првата работилница дискутиравме за Lean Canvas бизнис моделот, што е една од најпрактикуваните алатки за презентација на бизнис идеи. Стартувавме во саботата на 22 февруари. Ќе следи серија на тренинзи и менторска програма на кои ќе разговараме за сите важни аспекти за развој на бизнис идеата, за техники и алатки за маркетинг и продажба, за финансиски проекции, за проектен и финансиски менаџмент, за техники за успешена презентација пред потенцијални инвеститори како и за правни аспекти на бизнисот, за извори на финансирање на одредена бизнис идеа и ќе донесеме голем број на експерти во рамките на пред акцелераторска програма, рече д-р Игор Андреев извршен директор на „Х фактор акцелератор“.
„Х фактор акцелератор“ континуирано ќе им стои на располагање на тимовите со менторска поддршка во интензивната предкцелераторска програма која ќе заврши со демо ден кога сите тимови ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи пред Комитетот за инвестиции.
Менторската програма е раководена од исклучителен и професинален тим на „Х фактор акцелераторот“ од Велес и специјализирана е да им помогне на претприемачите во подобрување на стратегиското работење, интернационализирање, пристап до нови пазари и развивање на добитна стратегија за финансирање./У.Ј