Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

uslugi1

Законски и технички платформата uslugi.gov.mk веќе функционира. Таа нуди можност на институциите во државата да ги споделат на граѓаните, документите кои досега беа во хартиена форма , сега и преку интернет. Министерството за информатичко општество ја започна организацијата на институциите, преку внатрешна реорганизација, да станат поефикасни во меѓусебната комуникација и кон граѓаните.

-Значајно ни е сега институциите, на централната или на локалната власт, да сватат што е тоа што се нуди за да можеме сите заедно да ги користиме овие системи. Како претходно, сеуште и сега граѓаните се препраќаат до една до друга институција, за хартиената верзија на документот што им е потребен. А тоа е комплицирано бидејќи ако треба да се прочита закон за да се утврди точно што треба да се направи тогаш е навистина тешко затоа што не секој на таков начин ќе разбе. За не се прави тоа така, комуникацијата треба да оди меѓуинституционално и по автоматизам . Затоа сега се обидуваме да ги подредиме институциите во друг проект поддржан финансиски од Европската Унија чии први резултати ќе ги видиме веќе слевниот месец. Сите институции имаат бази на податоци и најголем проблем е што тие се во хартија. Со друг проект, повторно финансисран од ЕУ, се работи дигитализацијата на клучните регистри на институциите. Така, пренесено се од хартија во електронска форма, ќе создаде услови за меѓусебна институционална комуникација. И ова ќе трае долго време. Затоа сега ни се потребни клучните регистри, рече министерот за информатичко општество и администрација ДамјанМанчевски.

uslugi2

Предочувајќи дека државата го има националниот портал uslugi.gov.mk кој е единствено видлив дел за сите граѓани и преку кој тие можат да дојдат до сите 78 услуги на сите институции сега со новиот портал е – услуги се нудат уште нови педесет. Тоа значи дека на едно место, со едно име и корисничка лозинка да се дојде до 128 услугите на сите институции. Најважен според министерот Манчевски е Каталогот на услуги uslugi.gov.mk затоа што е основата за дигитализацијата иако не кореспондира со ИТ технологијата. Таму се објавени 1.500 услуги, вкупно од сите важечки законски решенија со податоци која е надлежната уинституција, кои докази треба да се поднесат, колку чини услугата, во кој рок граѓаните треба да добијат одговор и каде да се жалат доколку не се задоволни.

-Досега се објавени околу 800 услуги. За некој месец ќе биде комплетирана листата од вкупно 1.500 услуги и тоа претставува мапа по која ги движиме услугите. И нас ни треба помош во делот што е тоа што треба да го подготвиме во електронска форма. Овој Каталог ќе помогне на многу граѓани иако засега се 128 електронски услуги. Следно е Националната програма за интероперабилност како пат по кој се движат информациите со приклучени над 30 клучни институции но има сеуште и такви кои не се приклучени а се значајни за да зборуваме за автоматизација на процеси. Народна банка е приклучени. Општините ни се особено значајни за приклучување . Патот по кој ќе се разменуваат информациите е безбеден. Следен е Централниот регистер на население со единствена база на податоци за сите граѓани за да не ни се случува да имаме различни податоци за нив во различни институции и тоа на начин кој два пати дневно ги синхронизира податоците со МВР, со Управа за водење на матични книги за секоја промена што би се случила во било која институција да биде видлива за сите. Ова е основата за редизајн на многу услуги што и сега се нудат, додаде министерот Манчевски.

uslugi7

Тоа ќе значи дека граѓаните на пример не ќе треба да вадат постојано извод од матична книга на родени затоа што институцијата на која ќе и биде потребен ќе може автоматски податоците да ги провери од МВР. Единствено граѓаните ќе имаат обврска да ги пријавуваат промените во Управата за водење на матични книги. И Системот за единствена најава е значаен сегмент бидејќи овозможува со истото корисничко име, пасворд и лозинка, да секористат сите услуги на сите државни институции.

Исто така во еден дел на услугите на институциите граѓаните ќе можат својот потпис а фирмите и својот печат да ги користат електронски.

Веќе е ставен во функција и Информатичкиот систем за управување со човечки ресурси во кои се евидентирани сите граѓани кои земаат плата од државата или се поврзани со јавен сектор што во секој момент ја покажува вкупната бројка на вработени во јавен сектор. Се ова овозможува уште од денеска секоја институција да го користи системот и да нуди електронски услуги .

uslugi3

Меѓу првите на предности на uslugi.gov.mk за граѓаните ќе бидат електронските уписи на децата во детска градинка за што министерството нуди логистичка помош околу формуларите на детските установи за да можат граѓаните да ги пополнуваат од дома, да аплицираат и добиваат одговор за запишување на своето дете во градинка. Истиот начин ќе овозможи и упис во училиштата за што двете министерства за информатичко општество и за образование заедно ќе работат.

Исто така институциите ќе можат да ги користат предностите на Платформата за управување со административни постапки и Системот за управување со документи за да менаџерите имаат прегледност во секој момент каде се наоѓа секој предмет, кој од вработените го работи и дали го запазил временскиот рок што од друга страна е придонес и во борбата против корупцијата. Овој дел може да се направи видлив и за граѓаните.

uslugi.gov.mk нуди услуги и за граѓаните кои живеат во странство.

Сега, според министерот Манчевски, меѓу најбараните услуги се Извод од матична книга на родени, Потврда за евидентирано невработено лице, М1 и М2 , користење на пензија и на студентски стипендии.

Пред претставниците на невладиниот сектор, јавните институции и бизнис секторот од градот, на темата, градоначалникот Аце Коцевски и соопшти дека Општина Велес е сертифицирана за меѓународниот стандард ИСО 9001 и веќе има 47 дигитализирани услуги достапни на едно место на веб страницата како и дека се работи на постојано подобрување на квалитетот, достапноста и брзината на услугите во интерес на граѓаните .

kocevskiuslugi

-За среќа Општина Велес е отидена далеку напред во споредба со другите општини Сега водиме разговори со Владата ако не ни успее со Владата, се надевам дека тоа ќе го успееме со УСАИД бидејќи се потребни околу 300.000 евра за подготовка на соодветни решенија за да преминеме и на Систем за управување на даноците на имот што многу ќе им ја олесни работата на граѓаните. Се надевам дека во сите иновативни процеси ќе ја имаме поддршката на министерството за информатичко општество и администрација како и дека заеднички можеме да изградиме пилот смарт општина како основа за одржлив развој на сите македонски општини, додаде Коцевски.

Градоначалникот, исто така, побара поддршка од министерството за проектот за интероперабилен центар на услуги во Велес што на едно место би ги давал сите расположиви услуги од локално и нацинално ниво./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново