Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Naslovna fn

Ги полеаја со вода, денеска, новозасадените садници на брегот на „Езеро Младост“ дел од членовите на Доброволната работна бригада „Кочо Рацин“. По два месеци одкако ги насадија ова е прво органзирано полевање во делот на крајбрежниот појас со засадени израснати дрвја. Првите количини на вода акцијашите ги донесоа со себе, од дома, додека за останатите се полнеше вода во тубите и пластичните шишиња директно од езерото.

Jove fn

MladnovsoDANCE

-Во денешниот ден, дел од Здружението на грагани „Акцијаш ветерани“ дојде на Младост со цел да видиме колку се израснати дрвцата што ги засадивме и имаат ли потреба од вода. Досега доагањето беше поединечно додека денеска тоа го направивме со организација на дел од членството, поточно на акцијашите од бригадата. Ги полеавме дрвцата на првата парцела и видовме каква е состојбата на погорните парцели, за каде треба поорганизрано да настапиме кога е во прашање полевањето со вода на помалите садници. На тој начин сакавме да покажеме грижа кон засаденото ново зеленило, тоа да расте, да се развива и да му го вратиме сјајот на езерото . Се надеваме дека нашиот пример ќе го следат сите грагани кои при посетата на езерото ќе понесат по една туба или шише со вода со кое ќе ги залеат садниците, рече Данче Андреева, претседателка на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес.

kambermleserazmnuvaat fn

Два волонтерски часа поминаа акцијашите во природа со цел да се види и разгледа како напредуваат ,во благата зима,засадените нови „бел дробови “ на Велес. Второто, третото и четвртото полнење на тубите со езерска вода беше макотрпна работа. Водата единствено од езерото можеше да се нацрпи со канти и кофи па да се претури во туби и пластични шишиња.

MleKamber fn

-Не е тешко но треба уште подобро да се организираме. За да донесеме уште поголема количина на вода ни требаат поголем број на бргадири ветерани. Повеќе водари, како што ние ги нарекуваме со бригадирските правила, побрзо ке можеме да полееме поголем број на садници. Малку технички е потешко со полнењето на вода од езерото, тоа е плитко на крајот, полнењето оди поспоро. Следниот пат ќе осмислиме како побрзо да ни оди полнењето и транспортот до парцелите, затоа што нас ни е значаен ефектот од работата, рече Миле Маџаров, Командант на Доброволната работна бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес.

kambersnezesuz fn

jas fn

По обиколката на останатите парцели и ветеранското акцијашко искуството беа соопштени првите оценки за зафатеноста на садниците.

Znameto

-Зимата беше сушна но мислам дека саднците се во одлична состојба. Со поголема грижа сметам дека ќе успееме да се зафатат и сите помали садници со багрем. Бидејки времето е сушно, нема снег, зимава и дожд не заврна во големи количини, со редовно полевање може да им помогнеме на садниците да се зафатат, рече Делчо Костов член на Управниот одбор на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес.

DedoBoze fn

Освен полевање со вода, надгледување, на новозасадените израснати садници беше направена и контрола како тие раснат од корен до крошна.

BoreGospodZlate fn

-Со ножци за кроење ги засеков и отстранив сите диво никнати гранчиња околу корените на израснатите дрвца. Крошните се во одлична состојба со веќе создаден простор за израснување на ливчиња кои собираат топлина, влага и му даваат живост на коренот. Самата влага од коренот и доагањето на пролетта даваат комплетна енергија на дрвцата, рече Боре Манев акцјаш ветеран на Доброволната работна бригада „Кочо Рацин“.

На седницата што неделава ќе ја одржи Управниот одбор на ЗГ „Акцијаш ветерани“ ќе биде направен план и организација за наредните полевања и надгледувања на засадените парцели со дрвја како и со друг вид на зеленило на брегот на „Езеро Младост“./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново