Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Zdravkovski1 fin

На денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Игор Здравковски, одговори и на новинарско прашање дали ќе одговорат партискиот комитет и нивниот член Ангел Димов со јавно извинување побарано од градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски за да не поднесе тужба против нив за навреда и клевета за одржаната прес конференција.

-Вчера откако слушнавме дека најави тужба и ние се консултиравме со нашите адвокати. Слободно нека тужи, мислиме дека ќе биде беспредметна и дека тужбата ќе биде отфрлена, се разбира доколку законот важи за сите поддеднакво, додаде Здравковски.

Претседателот на опозициската партија на локално ниво дообјасни дека пред одржувањето на вонредната седница на Советот на Општина Велес, ОК на ВМРО ДПМНЕ, направил проценка и констатирал дека седницата била свикана од претседателот на Советот на Општина Велес но на барање на градоначалникот Коцевски.

- Мораат да се координираат и да работат според законите и Деловникот за работа на Советот. Во Законот за локална самоуправа, во член 40, мислам дека беше бидејќи во моментов го немам кај себе, јасно стои по кој основ може да се свика вонредна седница. Коцевски во неговото писмо во кое бара свикување на седницата, нормално е дека претседателот на Советот ги закажува седниците, наведува можни последици што можеби ќе се случеа а можеби и немаше да се случат. Јасно е дека грешка направил Управниот одбор на ЈКП „Дервен“. Во изминатите три години гледаме дека Коцевски сам ги менаџира работите, сам назначува в.д директори како и сите неуспеси ги припишува на в.д директорите а сите успеси си ги препишува на себе. И дојдоа со една одлука со која Управниот одбор ги поништи сите претходни начини на исплата зашто ќе немаше на што да се повикаат, ќе немаше основ, за да ги исплатат платите и затоа ќе беа тие можни поседици. Но законот е дециден по кој основ може да се закаже вонредна седница. Мислам дека Коцевски не смее да си го толкува законот како што требе, додаде Здравковски.

Одговарајки на прашањето како го коментира ставот на градоначалникот Коцевски дека иста вонредна седница била одржана и кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт а претседател на Советот беше Александар Колев за ист проблем во СОУ „Јовче Тесличков“, Здравковски рече:

-Искрено за економското училиште не сум добро запознаен меѓутоа претпоставувам дека таму има мешање на ингеренциите што од државата а што од локалната самоуправа. Ќе се запознаам дополнително па ќе ви одговорам и на ова прашање./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново