Извидниците со акција за пошумување: Да му помогнеме на „Езеро Младост“
Засадени 1.500 садници од багрем од страна на триесет извиднци, членови на велешкиот одред „Димитра Влахов“ и двајца волонтери на Мировниот корпус се одржа вчера, недела 16 февруари, на велешко „Езеро Младост“. Иницијативата е дел од проектот ИЗ(ВИДИ), со која се пошуми дел од опожарените површини на крајбрежјето на езерото.
Станува збор за проектна активност на Сојуз на извидници на Македонија со учество на велешкиот извиднички одред
-Ова пошумување воедно се организираше како дел од програмските активности на одредот по повод Светскиот ден на извидништвото – 22 февруари. Со оваа активност како најстара младинска организација во Велес и Македонија ја докажуваме нашата општествена одговорност за која што се залагаме сите овие изминати години, рече старешината Ангелче Гушев./У.Ј.