Ќе се менува Деловникот за работа на Советот на Општина Велес
Предлог-решението за формирање Работна група за подготовка на измени и дополнувања на Деловникот на Советот на Општина Велес е ставено како 20 точка на дневнот ред на 50-та седница, закажана во среда, 29-ти јануари 2020 година. Новот Деловник ќеи ма за цел да ги дсциплинра нередовните членови на Советот.
– Како што најавив пред Нова година, ќе започне постапка за промена на Деловникот на работа на Советот на општина Велес, со цел во иднина работата на Советот да стане поефективна, да се обезбеди редовно присусутво на советниците на комисиите и седниците, како и да се оправдаат средствата кои советниците ги добиваат за својата работа. Со цел да се изврши транспаретна измена на Деловникот, како и запознавање и приближување кон на жителите на општина Велес до Советот, ги повикувам здруженијата на граѓани и заинтересираните граѓани, посебно експерти од областа на правото и локална самоуправа, да се вклучат во промената на Деловникот, на начин кој заеднички ќе го договориме, во фазата на донесување предлог-промени, пред донесување на финалната верзија на истиот, рече Ненад Коциќ, претседател на Советот на Општна Велес.
Според Коциќ, промените на Деловникот мора да бидат во рамките на Законот за локална самоуправа, како и во рамките на Статутот на општина Велес. Тој за оваа намера побара соработка од граганските организации како и од граганите со лични контакти./У.Ј