Александар Павлов од Бузаана го фати крстот во Копенхаген, Данска
Објавено на 19 јануари, 2020 во 22:43
На уште еден велешанец денеска на Богојавление – Водици му се насмевна среќата па успеа да го фати крстот. Тоа му се случи на дваесет и седум годишниот Александар Павлов од Бузаана кој една година живее и работи во Копенхаген, Данска.
Фотографиите што Дума.мк ги доби од наши исселеници во Копенхаген покажуваат како нашиот сограѓанин успеа да биде најбрз помеѓу десеттината учесници во манифестацијата и прв да го фати крстот што беше фрлен во Балтичко море.
Одбележувањето на празникот беше во организација на Македонската Православна Црква – ОА Општина „Св. Климент Охридски“ во Копенхаген и на Македонците кои живеат во Данска./У.Ј