Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

patseloIvankovci fin

Тројца патници, кои патувале во ист автомобил, се повредени во верижен судир што утрово, петок, 17 јануари се случи на локалниот пат кон село Иванковци и во кој учествувале вкупно пет возила. Повредените патници се здобиле со лесни телесни повреди. На местото на несреќата, во непосредна близина на селските гробишта, интервенирала една екипа со едно возило на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

- Повредените по пружената прва помош, на местото на несреќата, од страна на медицинската екипата се пренесени во Ургентниот центар на ЈЗУ Општа болница Велес со цел за натамошна опсервација и третман, рече д-р Страхил Тодоров портпаролот на Здравствен дом Велес.

Сообраќајката ја предизвикал судирот на автомобил во комбе, кое пак претходно се удрило во друго комбе

- Станува збор за тројца жители на село Иванковци, М.К (67), М.Ѓ (59) и Д.М.(55) години, возач на автомобилот, на кои итно им беа направени рентген снимање и лабараториски испитувања. На еден од пациентите му беше направена компјутерска томографија на глава и врат. Лекарите констатираа само полесни телесни повреди,но сепак се хоспитализирани поради опсервација на Одделението за хирушки болести, информира д-р Тодор Јаковлевски портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес.

Сообраќајната несреќа е евидентирана во Центарот за кризи со време на случување околу 8 часот и причина дека возилата дошле на дел од патот кој имал замрзнат коловоз./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново