Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

UKAZUVACI naslovna

Меѓународната експертска јавност со став дека македонскот Закон е еден од најдобрите со најголем дел од потребните решенија за заштита на укажувачи но домашните истражувања покажуваат дека државниот систем што треба да прифаќа пријави ни е екипиран ниту опремен а граѓаните не се доволно информрани.

Во борбата со корупцијата во Македонија резултат треба да даде и примената на Законот за укажувачи. Оценките дека државата има еден од најдобрите закони ги обврзува државните и локални институции, јавните претпријатија, агенции но и приватните фирмите да пристапат кон подготовка на добри правилници и да одредат вработени со цел да овозможат целосна заштита на укажувачите. Укажувачи се лица кои ќе пријават сомнеж или конкретна и точна информација за корупција на работното место, во локалната заедница или во државата.

JACEV1 fin

-Значајни се и наредните чекори. Поврзување на системот со луѓето кои ќе работат во институциите со Државната комисија за спречување на корупција, министерствата за правда и за внатрешни работи, Јавното обвинителство и Народниот правобранител. И она што е многу важно, што овој закон го придвижува не е само заштита на укажувачите туку и што е со пријавите кои ќе се добијат од укажувачите, каков е системот на постапување понатаму во министерствата, обвинителството и на крај што ќе превземе Државната комисија за спречување на корупција, рече експертот за корупција Зоран Јачев.

Korupcija1 fin

Законот е донесен во 2015 година. Четири години подоцна, мониторингот над министерството за правда, Јавното правобранителство, МВР и ДКСК од страна на граѓанската организација Форум Центар за стратегиски истражувања и документација покажа дека првте две сеуште немаат назначено лице за прием на пријави од укажувачи додека од само 12 примени пријави процесуирани се 4. Државата не може да се пофали со резултати, вели истражувачот на корупција Александар Писарев.

Pisarev fin

- Она што загрижува е следново. Од 1314 институции во државата, чии основачи се Влада или , Собрание на Македонија, само до 300 се испратени анкетни прашалници да кажат дали назначиле лице за прием на пријави за корупција. Апсолутно поразителни се информациите дека 80 отсто од државните институции или вработените не знаат за Законот за укажувачи, додаде Писарев.

На денешната работилница „Практични искуства од примената на Законот за укажувачи“ беше констатирано дека е потребно итно запознавање на граѓаните со Законот особено поврзано со максималната заштита и не трпење на последици за тие што ќе се охрабрат да пријават коруптивни сомнежи или аргументирани случаи на неправилности. Граѓанските организации и медиумите се клучни фактори за промовирање и следење на ефикасноста од спроведување на законот.

Работилница „Практични искуства од примената на Законот за укажувачи“ ја организираа Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентар во рамки на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција“ финансиран од Европска Унија./У.Ј

 

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново