Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Detskagradinka fin

Педесет минути без електрична енергија, попладнево, околу 16.30 часот остана, една страна на улицата „Трајко Панов“ во Велес. Во целосен мрак беа првиот клон на детската градинка „Димче Мирчев“, објектот Дом на НВО и приватни домови на триесеттина велешани.

Мракот во кој останаа децата кај нив предизвика страв иако двете воспитувачки се трудеа со песни и шеги да се надмине морничавата атмосвера во занималната на градинката. Помеѓу 16.30 и 17 часот најголем дел од родителите доаѓаат да ги земат децата, објаснуваа воспитувачките, додека еден дедо гледајќи како објектот е во целосен мрак помислил дека внукот го земал друг член на семејството и заминуваше. Воспитувачката трчаше за да го врати назад и да му го предаде детето. 

Дефектот беше пријавен во кол центарот на ЕВН Македонија. Од таму немаа информации дали станува збор за дефект или падната фаза. Рекоа дека веднаш ќе пренесат за телефонската пријава и ќе испратат екипа.

Додека траеше соседската солидарност во пронаоѓање на свеќи за исплашените мали дечиња, згрижени во градинката, за среќа засвети објектот. Електрична енергија добија и соседите.

Денеска исто така без електрична енергија останал и објектот на градинката „Димче Мирчев“ во Велес над централното градско пазариште. Родителите веднаш биле информирани дека струја нема и од нив било побарано да бидат подготвени да си ги земат децата доколку се оддолжи прекинот на електрична енергија./У.Ј

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново