Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MatejGelev fin

Матеј Гелев, ученик во 8 одделение во ООУ „Блаже Конески“ во Велес е еден од вкупно шестчлениот македонски ученички тим кој на 16. Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (16. IJSO) во Доха, Катар освои две сребра и три бронзи.

Гелев заедно со уште двајца ученици од вардарски регион, Мајкл Георгиевски деветоодделенец во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци и Теона Кировска ученичка во 9. одделение од ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, заедно со врсниците Емилија Николовска осмооделенка во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид, Никола Спировски ученик во 8. одделение и Стефан Дрмач деветоодделенец во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје ги измерија знаењата со повеќе од 300 напредни ученици до 15 години, од околу 50 земји од светот. Натпреварите се одвиваа преку индивидуални теоретски тестирања и практични тестови.

medalji fin

Тимот го предводеа менторите проф. д-р Боце Митревски од Институтот за физика, проф. д-р Марина Стојановска од Институтот за хемија и м-р Лозенка Иванова од Институтот за биологија. Тие повеќе од три месеци работеа и ги подготвуваа учениците за меѓународниот натпревар.

Шесте ученици што ја претставуваа Република Северна Македонија беа избрани преку строга селекција низ натпреварите по биологија, хемија и физика кои се одржаа на општинско, регионално ниво како и на државен натпревар. Потоа следеа два селекциони натпревара. Остварувањето на овој голем успех произлегува од работата и интензивните подготовки на учениците.

Целокупната подготовка на македонскиот тим беше реализирана од страна на наставници од Природно-математичкиот факултет, користејќи ги капацитетите и ресурсите со кои располага факултетот, секако, во соработка со трите здруженија Друштвото на физичари на Република Македонија, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и Македонското биолошко друштво./У.Ј

 

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново