Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Lil Colakova

Приватните лекари и во првите шест месеци вгодина од Фондот за здравство ќе добиваат исти исплати. Нема да вршат превентивни активности но, ќе има промена на шифрарниците и на нови цели. ФЗОМ им ветил поголема сигурност на лекарите од Приватните здравствени установи затоа што без нивна согласност во иднина ништо нема да се променува.

- Фондот прифати шест месеци да ја добиваме истата капитација, од јануари до јуни 2020 година, и во тој период да се мери кој што работи. Со новите, ќе има основни и за дејности шифрарници, ќе треба нашите софтверски куќи да комуницираат со Мој термн и да ги направат софтверските измени во програмите и ќе видиме што ќе биде по месец јуни, рече д-р Лилија Чолакова Дервишева претседател на Здружение на приватни лекари на Македонија.

Иако, пред пет дена приватните лекари се заканија дека нема да ги потпишат новите договори со Фондот, доколку не ги добијат правилниците по кои ќе бидат плаќани засега точно не се знае каков е ставот на Фондот за здравство од кого лекарите, исто така, бараат пациентите наместо со матичен лекар да имаат договори за лечење со приватните здравствени организации, администратор да примат амбулантите кои немаат медицинска сестра или бенефициран стаж за лекарот кој работи сам како и еднаков третман со лекарите од јавното здравство кога приватен лекар користи подолго боледување.

- Па тврдат дека сето тоа ќе биде изменето и ставено во правилници. Наредниот ден имаше преговори и Лекарската комора. Очекуваме да се прифатат овие барања но не можеме да кажеме ништо додека не видиме написмено во легален документ, додаде д-р Лилија Чолакова Дервишева

Годинава приватните лекари во Македонија месечно од Фондот за здравство добиваат по 55 денари од пациент. Државата реши со јануарската исплата да ја зголеми за блузу 15 отсто поточно да изнесува 63 денари од пациент./У.Ј

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново