75 години слободен Велес
Со традиционален прием за делегацијата на Општинската Организација на Сојузот на борците од страна на градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска започна одбележувањето на 75-та годишнината на слободен Велес. Ним, градоначалникот во свое, во име на Советот на Општина Велес како и во име на Велешани им се заблагодари за големиот придонес за слободата што им ја донесоа на своите сограѓани.
Чествувањето на значајниот јубилеј на градот продолжи на Спомен Костурница каде свежо цвеќе положија и почит на хероите им оддадоа делегациите на Општина Велес, на Општинската организација на Сојузот на борците, на Армијата на Република Македонија, на јавни институции, на политички партии, на здруженија на граѓани како и гостите од збратимените градови поточно делегациите на Општините Ужице и Сомбор од Република Србија
Свежо цвеќе и почит беше оддадена и пред бистите на народните херои во Младинскиот парк.