Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zakletva1 fin

Денеска во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се одржа свечена заклетва на која 108 граѓани се обврзаа да и служат на татковината. На свеченоста присуствуваа, началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик министерот за одбрана Беким Максути, државнииот секретар Драган Николиќ, претставници од Армијата и Министерството, претставници од локалната самоуправа, родители, роднини и пријатели на војниците.

На свеченоста се обрати заменик министерот Максути кој на војниците меѓу кои има и 10 жени, им ја честита свечено дадената заклетва и им порача дека самиот чин на доброволното пријавување за служба во Армијата е чин кој заслужува почит и поддршка од секого. Притоа истакна дека за време на отслужувањето на тримесечниот период Министерството и Армијата ќе овозможат војниците да ја засакаат уште повеќе воената професија и да ја продолжат својата кариера во редовите на Армијата.

- Нашата Армија е препознатлива по својата разноликост и токму затоа во неа има претставници од различна етничка и верска припадност. Особено ме радува фактот што од година во година бројот на жени во Армијата се зголемува со што се покажува дека оваа професија не препознава пол, истакна Максути.

Тој додаде дека со реализација на оваа обука им се отвара можност да станат дел од професионалните војници на нашата Армија и таму да ја градат својата кариера полна со предизвици, достигнувања на личен и професионален план, кариера со голем број можности за обука тренинг и наобразба.
 -Вие сте нашите идни бранители, нашите идни чувари на територијалниот суверенитет и интегритет, на нашата сувереност и наши идни амбасадори на мирот во меѓународните операции, додаде Максути

Обуката на војниците на доброволно служење воен рок се реализира во период од три месеци во Центарот за индивидуална обука, кој е во рамките на Командата за обука и доктрини на Армијата на Северна Република Македонија.
.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново