Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pobeda fin

Ова е вториот дел од статијата за Спортските друштва во Велес од 1919 до 1930 година, бидејќи материјалот беше обемен, но вредеше да се истражи и да се запишат сите спортски и фудбалски клубови кои се формирале и опстојувале во градот. Во овој период посебен белег на фудбалската игра оставило Спортското друштво ,,Победа“, во чиј состав бил и фудбалски клуб со исто име.

Иницијатори за формирање на спортското друштво, на 14 мај 1926 година на Којник во кафеаната на Трајко Иванов, биле Владо Алчев, Трајко Тодоров – Зрното, Киро Нецин, Коло Синигалот кои за претседател го избрале Трајко Тодоров и за благајник Панче Николов – Меанџиев. На чинот на формирање била избрана и Управата составена од Димко Страчков, Благој Босилков, Ристо Алчев, Тоде Алчев, Орце Вилар, Коло Бабунски и Пецо Самарџиев. Спортското друштво добило своја просторија. Фудбалерите тренирале во месноста „Буњиште“, под Којник и се натпреварувале на игралиштето ,,Ливадиште“. Голманот Благој Мартулков – Пуцата и играчите Никола Бабунски, Тодор Кочов, Ило Бели, Коле Босилков – Капетанката, Јордан Лазаревски – Цвајот, Киро Нецин, Борис и Ѓорѓи Топузлиеви и Ѓорѓи Босилков тренирале и играле со топка, направена од партали и обложена со чорапи, па затоа Којничани милувале да си го викаат „Партал Победа“. 

Фудбалскиот клуб имал и оркестар чиј членови биле Лазо Аликот, Киро Стојанов и Орце Влаинов и освен на натпреварите тие настапувале на тогаш популарните матинеа и игранки за од заработката да се купува спортска опрема за играчите. ФК ,,Победа“ се натпреварувал со останатите градски клубови но силите ги одмерувал и со скопските, како ССК, со прилепска ,,Победа“, со кавадаречките и гевгелски клубови.

Во сезоната 1936/37 година ФК „Победа“ бил првак на Велес и постоел и по 1941 година иако дел од фудбалерите предводени од Јордан Лазаревски – Цвајот директно од фудбалскиот терен заминале во партизани.

Исто така, да пренесеме дека една година потоа, во 1942 година, ФК ,,Победа“ во пријателски натпревар со софиски ФК ,,Левски“ победил! Тогаш дел од фудбалерите на ФК ,,Победа“ биле убедувани да преминат во ,,Левски“, со понуди во пари кои не ги разубедиле па средствата завршиле во градската каса на Комунистичката Партија на Македонија - Велес.

Освен за којничкиот ќе објавиме информации и за неколку други фудбалски клубови во Велес од овој период.

Интересно е да се забележи дека во 1932/33 година во маалото ,,Црна Џамија“ е формиран ФК ,,Бешикташ“, клуб составен претежно од Турци и Роми.Клубот постоел до 1941 година , а податоци за членовите не успеав да добијам.

За ФК,,Вардарски“, маалска екипа, ќе објавиме дека е формирана во 1935 година и дека фудбалери во неа биле Јован Јованов, Ангел Ерата – Зечевиќ, Димче Стојанов – Ќосето, Пенчо Органџиев, Лазо Девелијата, Тодор Панов – арабаџијата како и дека постоел до 1941 година.

Во градот во 1938 година е формирано и фудбалското спортско друштво Здужена Омладина Југославије - „ЗОЈ“. Во клубот членувала интелектуална младина и студенти како Стеван Габер, Јордан Леов, Пенчо Давчев, Данчо Зогравски, Љубо Зафир, Ниче Гогов и други. Овој клуб се расформирал по три години.

Ниту централниот дел на градот не останал без фудбалски клуб. Во месноста ,,Дворови“ се формирал ФК ,,Рапид“ и тоа непосредно пред Втората светска војна. За клубот настапувале : Славко Слабев, Љубо Зафир, Љубе Шукар, Орце Смилев, Ангел Трајков - Ечето, Ќосето и други. Клубот се натпреварувал само со локални клубови, бидејќи немал доволно финансии.

Во 1925 година е формиран ФК ,,Занатлиски“ од членови на работничката младина, а биле финансирани од познатите трговци со кожи од Штип, фамилијата Шеќеринови. Постоел и оркестар на клубот кој организирал игранки и матинеа.Дресот на ФК ,,Занатлиски“ го носеле: Борис Таневски – Лубуриќ, Бојче Карага, Димко Зенгела, Анѓел Велев, Борис Анѓуш, Коле Крпачот, Кочо Влаин, Каме Вишин и други. Овој клуб постоел до 1929 година.

Во 1925 година, на Којник, е формирано и Работничкото спортско друштво ,,Планински“, кое во својот состав имало и музичка и драмска секција. За ФК ,,Планински“ играле: Пецо Самарџиев, Фердин Чауш, Лазо Аликоч, Ѓорѓи Чауш, Владо Алчев, Ристо Начев, Лазо Чучук, Ангел Ѓорев, Киро Грбето. Клубот кратко опстоил, до 1926 година, кога целиот тим преминал во ФК ,,Победа“.

Veles panorama pocetok na 20 vek

Панорама на Велес на почетокот на 20 век

И на крај, според податоците до кои дојдов, во 1925/26 година во Велес е формирано првото Планинарско друштво на иницијатива на Кочо Рацин и Костадин Ванов.

Ова Планинарско друштво организирало излети и пешачење до Стоби, Чичевскиот манастир, на Клепата, Војница, манастирот ,,Свети Димитрија“, на Вршник, ридот Свети Илија, Башино село. На овие екскурзии секогаш доаѓал и оркестарот на Петре Јарчев, па тие завршувале со песни и игри, во пријатна атмосвера. Друштвото постоело до 1928 година.

Значи велешани биле заљубеници во спортот, музиката, театарот. Традициите траат и до денес, а нив не смееме да ги запоставиме и заборавиме. Затоа, бидете секогаш со велешкиот спорт, музика и театар. Бодрете ги талентите и уживајте во креациите на велешките генерации кои доаѓаат и си одат, но еве – оставаат траги во велешката историја.

Љупчо Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново