Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sudotveleski fin

Ни обвинетиот Владимир Панчевски, екс претседателот на Основен суд Скопје 1 ниту неговите бранители денеска не се појавија во судницата на Основен суд Велес. Судењето за кривичното дело што му се става на товар на Панчевски „злоупотреби со АКМИС системот во скопска единица“, се одложи.

Неуспешни биле двата обиди на велешкиот суд , на 18 септември и 1 октомври, годинава, да му достави покана со предлог обвинителен акт и докази на обвинетиот. На барањето на судот до денеска , исто така, не одговориле со административна проверка на точната адреса на живеење на Панчевски ниту од СВР Скопје.

Но, пред пет дена,поточно на 17 октомври, до Основен суд Велес од Владимир Панчевски стигнал приговор во кој обвинетиот побарал судот да се прогласи за ненадлежан бидејќи е во исто Апелациско подрачје со Основен суд Скопје 1. Велешки суд со решение, кое сеуште не е правосилно, го одбил приговорот. Обвинетиот, со ист датум, побарал да му суди друг суд и од Врховен суд .

Судијката Габрила Гајдова на денешниот главен претрес повторно побара од СВР Скопје да одговори на барањето и да ја утврди точната адреса на живеење на екс претседателот на скопска единица Панчевски, нагласи дека наредните рочишта нема да се одлагаат во колку не дојдат бранителите на обвинетиот, Глигор Петковски кој за денеска по мејл бил уредно поканет како и Горан Ѓоргиев, и го презакажа судењето за 18 ноември, годинава со почеток во 9 часот./У.Ј

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново