Блокада на сообраќајот на патот Велес – Штип, Независниот полциски синдикат бара зголемување на плата од 25% и престанок на пресметка со професионалците во полициските редови
Членови на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судска полиција утрово, од 7 до 9 часот, ја организираа втората блокада на сообраќајот на регионалнот патен правец Велес – Штип. Блокадата e дел од нивниот протест преку кој ги искажуваат револтот од најавеното покачување на платата од 5% и барањата за подостоинствен живот и услови за работа.
– Дозволете да не манипулираат со Вас, нема никакво покачување на платата за 5% онака како некој сака да прикаже пред јавноста и вработените затоа што согласно член 158 став 6 од Колективниот договор ќе има само корекција на бодот за плата затоа што месечниот пораст на трошоците за живот изнесуваат над 5% во последните три месеци. Дали е тоа така, проверете сами, рече Орце Коцевски генерален секретар на Гранскиот независен полициски синдикат.
Тој во име на Гранскиот Независен полициски синдикат , шумската, затворска и судска полиција ги пренесе барањата за:
– Еднократно зголемување на платите за 25% почнувајќи од месец октомври 2019 година во полицијата, шумската, затворската и судска полиција. Почитувани министри само ако ја земете нашата плата ќе не разберете, со вашите сигурно нема. Бараме признавање на репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата на ниво на работодавач во МВР. Доста само владеењето на правото во Македонија е мисловна именка, додаде Коцевски.
Исто така се бара и потпишување на Колективен договор кој ќе ги опфати вработенте во шумската полиција и затворската полиција, подобри услови за работа и за живот како и владеење на правото во државните институции. Последново, особено се однесува за МВР на чиј министер, Оливер Спасовски, членовите на Гранскиот независен синдикат му порачаа конечно да престанела „секојдневната пресметка со професионалците во полициските редови, членови на независниот синдикат бидејќи срамно е за земја која претендира да биде членка на ЕУ да има секојдневна пресметка со синдикални претставници поради нивни барања за остварување на работнички права“.
Протестот што утрово се одржа на регионалниот пат Велес- Штип создаде долги колони од возила и камиони. Тој траеше три часа за подоцна, како што најавија, синдикалците да заминат за Скопје на Генерален протест закажан пред Јавниот радиодифузен сервис./У.Ј