Вработените на ЈП „Национални шуми“ на терен се додека не се ревитализира брегот на „Езеро Младост“
ЈП „Национални шуми“ од денеска па во наредните денови го превзема расчистувањето на опожарените 409 хектари површина на езерскиот брег на „Младост“. Шумарските работници ќе ја реализираат работната задача на сечење и складирање на опожарените борови стебла како и подготовката на теренот за засадување со нови садници. Шумското стопанство „Бабуна“ ќе ги координира акциите за ревитализирање на опожарената или изгорена површина со дрвја.
-Работата ќе биде макотрпна и подолготрајна, можеби на целиот зимски период и пролетта, но мора да се обнови тоа што го имавме. Не може да се откажеме ниту помириме од тоа што го изгубивме затоа со стучна помош, со помош од граѓаните, од граѓанските организации кои ќе бидат предводени од поддружницата „Бабуна“ на ЈП „Национални шуми“ се ова што сега го гледате околу нас ќе биде исчистено и соодветно насадено, рече Љубинка Попова раководителка на ШС „Бабуна“ Велес.
Одговарајќи на новинарски прашања Попова рече дека по расчистувањето на теренот ќе се пристапи кон пошумување со иглолисни видови на дрвја. Нема да се засадуваат садници со црн бор туку насадот ќе биде составен од иглолисни дрвја кои се зелени и во лето и во зима, поотпорен на пожар, смесни насади, листопадни дрвја а на дел од опожарената површина садниците ќе бидат во веќе израсната висина од пет до шест години.
-Ќе го заштитиме новиот насад од пожар. Ќе воведеме и систем за наводнување согласно современите начини на одгледување на зелени површини. Ќе работиме макотрпно за да не остане трага од елементарната непогода што се случи минатиот месец. Самото подигнување иодржување на зелени површини е скапа работа. Сепак овој туристички центар е многу значаен за велешани затоа во првиот дел над патот ќе се обезбедуваат и засадуваат култивизирани садници, стари најмалку пет години за да ги засадиме на изгорената или опожарена површина, додаде Попова.
Таа беше категорична дека мораат да се исечат сите стебла на црн бор на површина од 200 хектари додека насадите од багрем и листопадните дрвја постои веројатност од самообновување./У.Ј