Пендаровски ја засади првата од 30-те садници со чемпрес на велешко „Езеро Младост“
Втор ден армиски припадници на Командата за обука доктрини во Гарнизонот во Велес ја расчистуваа првата опожарена парцела, од вкупно 409 хектари, на брегот на „Езеро Младост“. Тие први го пречекаа и му соопштија на Врховен Командант и Претседател на Република Северна Македонија дека работата не е тешка иако е напорна. Со Пендаровски разговараа и за подготвеноста да одговорат на неговото барање, освен во гаснењето на августовскиот пожар кој проголта борова шума и опожари голема површина од напосетуваното туристичко и рекреативно место, во велешко , за вклучување во засадувањето и подигнувањето на новиот шумски појас.
На расчистеата површина првата садница од триесеттината, денеска, ја засади Претседателот Пендаровски. Останатите ги засадија градоначалникот Аце Коцевски, претседателот на Советот на Општина Велес Ненад Коциќ, членови на општинскиот Совет, директори на локалн јавни институции и раководството на ОО на СДСМ во Велес.
– Запрепастен сум од она што го видов. Сликата пренесена преку медиумите и состојбата на лице место не е иста. Четиристотини и девет хектари опожарени и изгорени на велешко „Езеро Младост“ за неполни 12 часа е неверојатен податок иако како Врховен Командант дадов веднаш наредба за вклучување на армијата како ресурс во гаснењето на пожарот, рече Пендаровск.
Тој додаде дека при справувањето со огнената стихија е потребно заедништво на локалните и националните институции, на локалната и централната власт, граѓаните доброволци како и граѓанските организации за да им се помогне на пожарникарите во борбата со огнената стихија
– Во тој дел ние мораме да разбереме дека без синергија, без заедничка работа, на армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, фокусирајќи ги ресурсите и луѓето ќе им помогнеме на пожарникарите за да бидеме подобри при гаснењет на ваквите пожари, рече Пендаровски.
Претседателот на Северна Република Македонија ја посети и Територијалната противпожарна единица во Велес. Таму се информираше за потребите од техничка помош и заштита при пожарите.
– Веќе сум во преговори, во контакти со две Амбасади во Скопје кои донираат помош за противпожарните единици за нивни нови донации со кои во многу ќе се подобри нивото на техничка опременост на единиците. Денеска има закажано состанок на економско – социјалниот совет на владата на кој ќе се дискутира и за состојбадата со катастрофалниот пожар на „Езеро Младост“ поточно за помошта што може да стигнеод централно ниво. И бидејќи економско – социјалниот совет го води човек од Велес не се сомневам дека експресно ќе реагираат со помош, не само она што може да го генерира општината туку да се добие поддршка и од централната власт и не само за Велес односно секаде каде што е потребна, додаде Пендаровски
Претседателот генерално се согласува дека состојбата со личната заштита и опремата што ја користат пожарникарските единици и во Велес и на територијата на државата не е на задоволително ниво и се надева дека наскоро ќе биде подобрена.
Денешната посета на Пендаровски на Велес е дел од проектот „Лице во лице со Претседателот“ во чии рамки тој ги посети учениците на ООУ „Св. Кирил и Методиј, семејството Богдановски, познати градители на виолини, разговараше со граѓанските организации и со новинарите од кои беше информиран за проблеми за кои треба да се бараат решенија./У.Ј