Гори куќа на Јурија во Велес
Објавено на 16 септември, 2019 во 08:53
Пожарот избувнал утрово нешто пред 9 часот и 30 минути во стара куќа на улица: „Јовче Чучук“ бр. 40. Веднаш бил пријавен во Територијалната противпожарна единица од каде брзо стигнале возило и пожарникари. И во моментов трае гаснењето на пожарот.
Густиот чад кој излегуваше од запалената куќа беше видлив и од десната страна на градот. Куќата се наоѓа во густо населен дел и во непосредна близина на соседни куќи.
Според последните информации на соседите огнот е ставен под контрола. Пожарникарите сеуште се на лице место. /У.Ј