Судар на автомобил и моторцикл го запреа сообраќајот на патот Велес – Чашка
Патничко возило и мотрорцикл се учесници во сообраќајната незгода што денеска околу 11.30 часот се случи на регионалниот пат Велес – Чашка. Според инспекторот Димитар Каракулев во незгодата повредени се возачот и совозачот на мотрорциклот. Двајцата мажи се пренсени на Хирушкото одделение во Општа Болница Велес.
Портпаролот на болницата д-р Тодор Јаковлевски рече дека повредените биле донесени со телесни повреди кои не се од витално загрозувачки карактер по животот.
– Двајцата мажи се примени на одделението за хирушки болести. Тие се прегледани и санирани им се здобиените повреди. Возачот на моторциклот е снимен на апаратот за компјутерска томографија и се чекаат резултатите. Двајцата пациенти се хоспитализирани и се на посматрање но не се во животна опасност, рече д-р Јаковлевски.
По скоро еден час од незгодата која беше причина за целосниот застој сега по регионалниот пат Велес – Чашка се одвива наизменичен сообраќај. Се пропуштаат возилата од двете насоки се додека не заврши полицискиот увид./У.Ј