Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kocevskipres fin

Причинетите штети во пожарот на „Езеро Младост“ се огромни. Изгорени се 200 хектари шума од црн бор на возраст од 30 до 50 години, 10 до 15 хектари багрем, а останатото се нискостеблести растенија. Во пожарот изгоре една викендица и една фарма, има и оштетувања во дворот на една компанија. За среќа нема повредени ниту човечки жртви, рече на денешната прес конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тој соопшти што општината ќе превземе за санирање на состојбата.

- Во однос на она што ние ќе преземеме за да го вратиме сјајот на езерото можам да ве информирам дека уште оваа есен ќе се започне со чистење на пожариштето од страна на „Македонски шуми” – ШС „Бабуна”, односно ќе се отстранат изгорените стебла. Веднаш потоа ќе следи подготовка на почвата и обнова на насадите. Нема да се сади црн бор, туку дрвни видови кои во вакви ситуации, сами се обновуваат по природен пат,како што е на пример багремот. Причината што нема да се сади црн бор како што не информираа стручните лица е затоа што неговите шишарки се суви и кога истите ќе се запалат прскаат како „бомби”на сите страни и допринесуваат за лесно ширење на огнот. До крајот на годинава најмногу што може е да се сработи следново: отстранување изгорени стебла, подготовка на почва и засадување нови насади на површина до 50 хектари, а во рок од една до една и пол година цела површина на езерото ќе биде обновена.Кога ќе ги организираме овие активности, масовно ќе ги поканиме граѓаните да се вклучат во истите преку форми на акции за садење, рече Коцевски.

Тој им се заблагодари на сите институции, државни функционери и граѓани кои учествуваа во гаснењето на пожарот или логистички помогнаа.

Одговарајќи на новинарски прашања демантираше дека било задоцнето гаснењето на пожарот од воздух за што обвини пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

-Сакам да го искажам моето разочарување што и во вакви ситуации дозволуваме да размислуваме нерационално, да зборуваме со тежок политички говор, да шириме говор на омраза и лажни вести. Таа информација која била објавена не е точна. веднаш по моето јавување на министерката Радмила Шекеринска добив повратен одговор дека за 35 минути хеликоптерите ќе бидат подготвени за да полетаат кон Велес. Тие треба да се подготват и за да стигнат до Велес секако дека им треба време, рече Коцевски.

Градоначалникот е убеден дека пожарот нема да го загрози реализирањето на проектот „Смарт езеро Младост“ затоа што завршена е тендерската постапка за градежните работи и се чека да заврши тендерот за пакетот смарт паметни елементи кои како проектни активности на грантот тежок над еден милиони евра од Светска банка ќе започнат да се реализираат веднаш штом се расчисти теренот. Проектот треба да заврши до крајот на годинава./У.Ј

 

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.