Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

EzeroMladostodvozduh fin

Жална и тажна е глетката на велешкото езеро Младост утринава каде по ноќешната битка со огнот од страна на пожарникарите од Територијалните противпожарни единици од Велес, Скопје, Свети Николе, Штип, Неготино и Кавадарци помогнати од работници на шумско стопанство „Бабуна“, мобилизирани екипи од Дирекцијата за заштита и спасување , од АРМ и граѓани доброволци пожарот околу полноќ го ставија под контрола.

pozar26prva

- Околу 20.30 часот пожарот беснееше на средишниот дел на горната страна над патот кој води до браната. Таму огнот е во фаза на догорување другото е ставено под контрола. На локациите гаснат пожарникари на кои им помагаат и граѓани доброволци. Во вакви ситуации потребна е помош и од граѓаните, сите треба да излезат и да помогнат, рече велешанецот Драган Димевски.

И припадници на доброволното друштво „Македонски спасител“ заедно со самоорганизирани граѓани се вклучија во гаснењето.

pozar26treta

pozar26vtora

pozar26vtoraovaa

Огнот пеплоса огромна површина, според првичните проценки околу 400 хектари хектари од ко половина под црн бор. Изгорен е целиот комплекст засаден со борови стар пет децении над патот кој води до комплексот хотели и викенд населбата. Пламените јазици проголтаа се до браната на велешкото езеро. Изгореа објектот фарма на велешкото семејство Брезеви, во која немало свињи и една викендица. Оштетени се и праговите на железничката пруга Велес - Кочани но спасени се првите куќи до неа.

krizen stab fin

Синоќа заседаваше и Кризниот штаб на Општина Велес и на седницата се договорени мерки за заштита што денеска ќе бидат превземени за целосно гаснење на пожарот кој во текот на ноќта на повеќе места тлееше.

- Добро е што нема човечки жртвии што се спасени угостителските објекти и куќите . Изгореа една викендица и една фарма во која немало свињи. Се очекува проценката за состојбата на железничката пруга Велес - Кочани за да се стави во функција сообраќајот. На лице место се пожарникарски екипи, работници на ШС Бабуна и очекуваме да ни се придружат работници на Јавното комунално претпријатие Дервен, на АРМ, мобилизирани лица на Дирекцијата за заштита и спасување како и граѓани доброволци. Очекуваме околу 200 лица за да може пожарот целосно да се стави под контрола, рече градоначалникот Аце Коцевски.

И денеска на опожарената површина и на помош на велешките пожарникар се очекува да им пристигнат пожарникарите од Скопје, Свети Николе, Кавадарци, Неготино кои ќе ја контролираат состојбата на терен. Од утрово повторно над езерото надлетува хелкоптерот на министерството за одбрана и се прават проверки./У.Ј

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново