Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

CIVIL Kocevski fin

Новата веб страница на Општина Велес ќе треба да ја потврди и направи уште подостапна за граѓаните транспарентноста и отчетноста во работата на локалната самоуправа. Таа ќе биде стартувана за неколку дена со цел на граѓаните да ми прикажува што поголем број на информации лесно достапни од една но и прецизни од друга страна со цел тие во секое време да имаат на увид како се трошат нивните пари.

-Лесно пристапна со едноставна можност да ги видат сите податоци што се важни за граѓаните на општината. Така ќе изгледа новата веб страница која ќе овозможи прифаќање и на сите добри идеи кои ќе ги дадат граѓаните со цел да се користат информациите од неа како и за тековните активности на општината во годината, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски на семинарот на граѓаската организација Цивил на тема „ Институциите, медиумите и граѓанскиот сектор заедно во борбата против корупцијата во државата“ што се одржа во Велес.

Анализата што интерно ја направила општинската администрација покажува дека во делот на аплицирани и добиени проекти, во тековната годинава, вкупната вредност од над 2 милиони евра за општина Велес е најголема досега но за неа граѓаните ги немаат точните информации. Општината е честа тема на полемики на социјалните мрежи каде се коментираат не точни информации, додаде Коцевски.

- Проектот „Паментно езеро Младост“, од Европската Унија имплементиран од Светска банка, во вредност од над 1 милион евра содржи 18 подпроекти. Проектот е за развој на туризмот. Граѓаните кои ќе даваат забелешки зошто „Езеро Младост“ а не за улици и за патишта сакам да кажам дека распишаниот повик се однесуваше на развој на туризмот. Во тој проект се предвидени велосипедски патеки, паркови и пешачки патеки, набљудувачница за птици, камп, Парк на авантури, ќе се асфалтира дел од патот кон село Сопот како и други содржини кои влегуваат во паметни елементи а градот за прв пат во центарот ќе добие информативно - туристичко биро.

Kocevski na CIVIL fin

Градоначалникот додаде дека Општина Велес, годинава, доби и над 1 милион евра од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој преку три подпроекти за асфалтирање на патот кон село Сливник во должина од 5,2 км како и за 2,5 км пат до лoкалитетот Бабуна. Останатите средства се од помали проекти.

Коцевски исто така одговори и на прашањето кога Општината ќе ги распредели финансиските средства за 2019 година за кои со проекти конкурираа граѓанските организации велејќи дека распределбата на 500.000 денари предвидени во буџетот на општината најверојатно ќе се случи до крајот на месец септември. Дотогаш ќе треба да се усогласат критериумите за правична распределба на средствата.

Во дебатата исто така беше отворено и прашањето за децентрализација, поточно фискалната , од која општините очекуваат поголеми надлежности но и генерирање на приходи значајни за сега малите буџети.  /У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново